Деловните банките вчера откупија благајнички записи од Народната банка на Македонија во вредност од 93,1 милиони евра со 6,5 отсто камата. Во истиот ден го продолжија рокот на чување во НБМ на 113,1 милиони евра, пари што претходно ги имаа инвестирано во овие хартии од вредност. Со ова, нивната дневна инвестиција во записи се искачи на 206,2 милиони евра. Моментно банките имаат инвестирано вкупно 377 милиони евра во благајнички записи на НБМ. Големите инвестиции во благајничките записи на НБМ е знак дека банките наскоро не планираат да го зголемат кредитирањето. Откако Народната банка на Македонија од почетокот на годината неколку пати ја намали основната каматна стапка, банките почнаа да ги поевтинуваат новите и старите кредити за граѓаните и фирмите. И покрај најавите на НБМ дека ќе ги олабавува монетарните стеги, банките не попуштаат. Не го зголемуваат кредитирањето, туку вишок пари пласираат во благајнички записи.
Деловните банките вчера откупија благајнички записи од Народната банка на Македонија во вредност од 93,1 милиони евра со 6,5 отсто камата.
Во истиот ден го продолжија рокот на чување во НБМ на 113,1 милиони евра, пари што претходно ги имаа инвестирано во овие хартии од вредност. Со ова, нивната дневна инвестиција во записи се искачи на 206,2 милиони евра.
Моментно банките имаат инвестирано вкупно 377 милиони евра во благајнички записи на НБМ. Големите инвестиции во благајничките записи на НБМ е знак дека банките наскоро не планираат да го зголемат кредитирањето. Откако Народната банка на Македонија од почетокот на годината неколку пати ја намали основната каматна стапка, банките почнаа да ги поевтинуваат новите и старите кредити за граѓаните и фирмите. И покрај најавите на НБМ дека ќе ги олабавува монетарните стеги, банките не попуштаат. Не го зголемуваат кредитирањето, туку вишок пари пласираат во благајнички записи.